Департманот за студентска грижа во рамките на Универзитетот Скопје има за цел да обезбеди услуги за студентите од социјално ранливите категории, но и за оние што е потребно од најразлични причини да бидат опфатени со оваа програма. Департманот е составен од раководител и советник за студентска грижа, кои ги информираат, ги советуваат и ги насочуваат студентите како да се справат со проблемите и побезболно да се движат низ студискиот процес.
Работа на Департманот за студентска грижа
Департманот за студентска грижа дава професионални услуги за сите факултети и студенти.
Надлежноста на Департманот е поделена на три клучни функции:
I. Помагање на студентите во општите прашања
II. Поддршка и насочување на студентите
III. Психо-социјална поддршка и советување
Помагање на студентите во општите прашања
На студентите им се потребни академски информации поврзани со нивното студирање на Универзитетот. Обично им се потребни дополнителни информации околу испитите, документацијата (дипломи, потврди, сертификати, и сл.) и другите академски прашања. Департманот за студентска грижа им помага на студентите да ги добијат потребните информации и лесно да ги завршат своите обврски.
Поддршка и насочување на студентите
Поголемиот дел од студентите имаат потреба од насочување дури и во рутинските работи, како на пример, помош при пишување писма до повисоките претставници на Универзитетот и почитување на процедурите за работа на одделните департмани на Универзитетот. Департамнот за грижа на студентите ги идентификува овие проблеми и им ги нуди потребните насоки и поддршка за студентите.
Психо-социјална поддршка и советување
Најважната и многу ценета услуга што студентите може да ја добијат во Департманот за студентска грижа е професионалното советување и насочување во врска со различните емотивни состојби и предизвици со кои се соочува секој млад човек. Советувањето и насочувањето се спроведува во соработка со експерти од областа, со кои Универзитетот има воспоставено соработка. Советувањата им нудат на студентите механизми за надминување на емоционални кризи, за справување со конфликти, како и насоки за подобра и поефикасна комуникација со нивните родители, пријатели и колеги во различни ситуации во кои ќе се најдат во текот на секојдневниот живот. Во принцип, ефикасното психолошко советување им помага на студентите и на нивните родители да ги надминат стресот и стресната ситуација во која се наоѓаат и ги мотивира да дејствуваат во позитивна насока.
Студентите можат да се обратат за информации по пат на телефон или мејл или да закажат состанок со советникот доколку им е неопходен поконкретен совет.
Работно време:
Департманот е отворен секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Раководител:
Проф. д-р Виолета Миленковска