Департман за обезбедување и контрола на квалитет

Image

Менаџментот на Универзитетот Скопје перманентно ги следи престижните иновации во високото образование за креирање нов модел за одржлив развој во кој се интегрирани фундаментални принципи за:

  • Процесен пристап во целокупното работење;
  • Долгорочно планирање, обезбедување и унапредување на квалитетот;
  • Балансиран пристап при реализација на потребите, барањата и очекувањата на заинтересираните страни;
  • Организациско размислување преку ризик;
  • Принцип на постојано подобрување со интегрираност на иновативен пристап;
  • Развој и унапредување на академскиот кадар во областа на науката, образованието и истражувањето.

Политиката на Департманот за обезбедување и контрола на квалитет е корпоративно и функционално организиран согласно барањата и целите за квалитет на Универзитетот Скопје, кои произлегуваат од законската рамка со која е пропишано обезбедувањето, оценувањето, развојот и унапредувањето на квалитетот на високото образование. Фокусот на легислативата е на формите на акредитација на студиските програми, евалуација на квалитетот и другите активности и механизми преку кои се развива и одржува квалитетот на високото образование утврдени со закон и актите на Националниот совет за високото образование и научно-истражувачката дејност и Агенцијата за квалитет во високото образование.

Работата на Департманот за обезбедување и контрола на квалитет произлегува од реализацијата на фундаменталните документирани информации: визија, мисија, стратегија за развој, политика за квалитет и политика за одржлив развој на Универзитетот.

Приоритетна задача на Департманот за обезбедување и контрола на квалитет е да ја креира, да ја реализира, да ја мониторира и да ја евалуира Стратегијата за развој со која Универзитетот е подготвен да одговори на актуелните политики и идните предизвици во глобалното опкружување, каде што општествено-економските, социјалните, политичките, законските, техничко-технолошките и информатичките промени бараат континуирано унапредување на Системот за менаџмент со квалитет на УТМС, врз основа на концептот за севкупен квалитет (Total Quality Management-TQM).

Департманот за обезбедување и контрола на квалитет има значајна улога во градењето на препознатливоста на универзитетот преку доследна примена на методологијата на стекнување знаења, вештини и компетенции како синоним за највисоки стандарди и одржлив квалитет.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).