Департманот за маркетинг и за односи со јавноста е составна единица на Универзитетот Скопје, која извршува различни деловни и образовни функции поврзани со мисијата и со дејноста на нашиот Универзитет.
Го креира имиџот на нашиот Универзитет
Департманот ја креира и ја спроведува комуникациската стратегија на Универзитетот, управува со неговиот бренд и ги воспоставува и ги одржува односите со јавноста на институцијата.
Покрај креирањето и спроведувањето на маркетиншките стратегии и кампањи на Универзитетот, Департманот е одговорен и за менаџирање на неговите социјални мрежи, за организација на настани и на промоции, како и за креирање и спроведување проекти од областа на маркетингот и на комуникациите.
Обезбедува консултантски услуги за потребите на деловната заедница
Департманот обезбедува и консултантски услуги за деловната заедница според нејзините потреби. Експертската поддршка што ја нудат нашите професори овозможува компаниите навремено да ги искористат пазарните потенцијали преку идентификување на потребите и на очекувања на јавноста, а особено на стратешката јавност, која влијае врз креирањето на имиџот и на конкурентноста на компаниите. Поддршката на нашите експерти е насочена и кон адекватна примена на современи ефикасни и ефективни комуникациски концепти што ќе им овозможат на компаниите и на институциите да стекнат конкурентска позиционираност на пазарот и да растат и да се развиваат континуирано.
Промовира општествена одговорност
Департманот за маркетинг и за односи со јавноста е отворен за соработка со сите институции, компании и агенции од јавниот и од приватниот сектор што ја промовираат потребата од општествено одговорно однесување интегрирано во корпоративниот интегритет, кредибилитет и имиџ на институциите и на компаниите.
Практично ги едуцира идните професионалци во областа
Во работата на Департманот за маркетинг и за односи со јавност активно се вклучени и нашите студенти. Нивниот ангажман е интегрален дел од наставните програми на нашиот Универзитет, преку кој континуирано се стекнуваат со апликативни знаења, како и со извонредни компетенции за решавање на деловни проблеми. Со оглед на тоа дека комуникациите се најважна компонента на маркетингот, особено внимание посветуваме студентите да се стекнат со вештини за говорна и за пишувана комуникација, за критичко и аналитичко размислување, како и за користење на дигиталните технологии. Во центарот на нивниот практичен ангажман е и усвојувањето и променувањето етички вредности што обезбедуваат висока професионалност, флексибилност и продуктивна тимска работа.
Раководители:
Даниела Трајковска, раководител за маркетинг
Доц. д-р Викторија Трајков, раководител за односи со јавност