ЦЕНТАР ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Врз основа на член 92 став 1 точка 7 и 28 од Статутот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Сенатот на Универзитетот на седницата одржана на ден 03.03.2011 година, донесе

 

О Д Л У К А
за формирање на Центар за издавачка дејност на
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

1. Се формира Центар за издавачка дејност на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, како внатрешна организациска единица на Универзитетот без својство на правно лице.
2. За директор на Центарот за издавачка дејност на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се именува проф. д-р Тодор Кралев.
3. Центарот за издавачка дејност на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје има Издавачки совет во состав:
- проф.д-р Аце Миленковски, претседател;
- проф.д-р Тодор Кралев, член;
- проф.д-р Сашо Кожухаров, член.
4. Согласно со оваа одлука се врши изменување и дополнување во член 5 од Правилникот за издавачка дејност, донесен од Сенатот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на седницата одржана на 30.11.2009 година.
5. Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето.
6. Одлуката и Правилникот за издавачка дејност на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје да се достави во електронска форма до сите наставници и соработници на Универзитетот.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Сенатот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, врз основа на член 92 став 1 точка 7 и 28 од Статутот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на седницата одржана на 03.03.2011 година донесе одлука како во диспозитивот.

РЕКТОР
Проф. д-р Аце Миленковски

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).