За библиотеката
Библиотеката на Универзитетот Скопје се наоѓа на вториот кат и претставува една од најрепрезентативните и модерно уредени простории на универзитетската зграда.
Создавањето и опремувањето на универзитетската библиотека се поврзува со самите почетоци на Факултетот за туризам во Скопје во 2006 година, со скромниот библиотечен фонд и првите трудови на Центарот за издавачка дејност на Факултетот.
Во релативно краткиот период на постоење и со исполнување на законската регулатива, Факултетот за туризам прерасна во Универзитет, со што се промени и претставата за функционирање на една современа универзитетска библиотека како интелектуална поддршка на сите студиски програми и активности што се реализираат во рамките на Универзитетот.
Библиотеката претставува средиште, медиум и витална сила во функционирањето и јакнењето на нашата високообразовна институција. Самиот простор е место каде што студентите и вработените се сретнуваат, дружат, учат, истражуваат и информираат, место каде што се добива базична поддршка во функција на стекнување дополнителни квалитетни знаења вештини и компетенции.
Поимот библиотека тука не се сфаќа само како синоним за книги, напротив тука е базата на фотографии, видеоматеријали, списанија, каталози, дигитални записи и слободен пристап до интернет содржини.
Покрај публикациите во издание на Центарот за издавачка дејност на Универзитетот, библиотеката изобилува со значителен број библиотечни единици од домашни и од странски автори од релевантните области. Универзитетската библиотеката располага со над 14.200 библиотечни единици од кои повеќе од 6 532 наслови се монографски и сериски публикации, научни и стручни трудови (магистерски, докторски и специјалистички трудови), значителен број аудио- и видеозаписи, албуми и друг книжен и некнижен материјал. Овој број е во постојан пораст во согласност со годишната програми за работа на библиотеката, визијата и мисијата на Универзитетот.
Преку членството на Универзитетот Скопје во Светската туристичка организација во рамки на Обединетите нации, сите заинтересирани чинители на наставните и воннаставните активности на Универзитетот имаат можност да ја користат и оваа библиотеката, како и електронски изданија на други библиотеки.
Следењето на светските трендови неминовно наметна потреба од електронско библиотекарство, така што составен дел на универзитетската библиотека е Е-библиотеката каде што потребните информации и литературата сите заинтересирани субјекти можат да ја добијат и во електронска форма. Тоа, несомнено значи предност и напредокот во образовниот процес на сите нивоа.
Е-библиотеката располага со 2 260 наслови, но континуитетот во збогатување со нови материјали секако се однесува и на електронската верзија на библиотеката, која и понатаму ќе добива нови содржини и ќе ги следи најновите достигнувања во современото библиотекарство.
Упатство за корисниците на библиотеката
За полесна достапност до библиотечните единици, се користи електронски каталог (база на податоци) во која се наоѓаат монографски и сериски публикации. Пребарувањето во електронскиот каталогот се врши во горниот десен агол со примена на повеќе опции, односно со пребарување преку наслов, автор и ИСБН број, на кирилично и латинично писмо.
Пребарувањето на податоци за магистерски се врши на ист начин преку пребарување според наслов, автор, година на одбрана или број.
Користењето на библиотечниот материјал се врши на начин утврден со Правилникот за работа на библиотеката, во и надвор од просториите на библиотеката.
Користењето на е-библиотеката се врши согласно Договорот за студирање, Правилникот и и процедурата за користење на библиотеката, во и надвор од просториите на библиотеката.
Корисникот на библиотеката може на усно барање, преку телефон или писмено барање на службениот мејл, да добие општи информации за:
· статусот и функциите на библиотеката,
· видовите услуги што ги дава библиотеката,
· ресурси со кои располага библиотеката,
· условите според кои се користи библиотечниот материјал,
· друга помош во согласност со Правилникот за работа на библиотеката.
Во читалната на библиотеката на корисниците им се овозможува слободен пристап до интернет на 8 опремени работни места. При користење на комјутерската опрема корисникот мора да ги почитува пропишаните правила согласно Правилникот и Договорите за студирање.
Правила за користење на Интернет читална
Линкови влез во бази на електронски изданија
Работно време за корисниците на библиотеката е од понеделник до петок, од 9:00 до 17:00 часот.
Раководител на библиотеката:
М-р Јулијана Петровска
тел: +389 2 3093 209
моб: +389 072 254 179
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.