Алумни-клубот на Универзитетот Скопје претставува е можност за одржување активна академска и професионална соработка на студентите на Универзитетот по нивното дипломирање. Активностите на клубот насочени кон вмрежување и интензивирање на соработката се реализираат преку состаноци, формални бизнис-настани и социјални активности што ја потенцираат деловната врска. Алумни-клубот на Универзитетот Скопје е континуум во повеќе општествени правци и основа за генерациско пренесување на искуствата. Клубот остварува соработка на повеќе нивоа директно грижејќи се за интересите на Универзитетот, неговите советодавни одбори, Центарот за кариера и обука на тековните студенти.
Мисија
Мисијата на Алумни-клубот на Универзитетот Скопје е одржување и интензивирање на соработка на дипломираните студени, споделување на знаења, практики и искуства и подобрување на комуникацијата во функција на продолжени бенефити од образованието, зголемена вработливост и пренесување на искуствата на идните генерации.
Цели
Алумни-клубот на Универзитетот Скопје има за цел:
- Да ја зголемува меѓусебната соработка, вработливоста и мрежата на членовите на клубот преку редовни средби, состаноци и социјални настани;
- Да комуницира со тековните студенти преку информативни сесии за студентите, за кадарот, менаџментот и за сите други засегнатите страни според годишната програма на активности;
- Позитивно и проактивно да се вклучува во методологијата и во наставната програма на Универзитетот обезбедувајќи дополнување и подобрен квалитет на постојната програма;
- Ажурирање на базата на Алумни-клубот на Универзитетот Скопје;
- Да помага во процесот на обезбедување практикантска работа или вработување на студентите на Универзитетот;
- Активно и доследно да одржува добри врски со инволвираните страни преку редовни договори и средби во текот на годината.
Членство
Член на Алумни-клубот на Универзитетот Скопје може да бидат:
- Сите дипломирани студенти на Универзитетот
- Сите магистри на Универзитетот
- Апсолвенти на додипломски студии со положени испити од трета студиска година