СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИС НА ПРАКСА ВО КОМПАНИЈАТА „ДАДЕКС-СКОПЈЕ“

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИС НА ПРАКСА ВО КОМПАНИЈАТА „ДАДЕКС-СКОПЈЕ“

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, и оваа година продолжува со оддамна воспоставената практика на своите студенти да им овозможува практична работа во реномирани компании, каде имаат можност да го практикуваат теоретски стекнатото знаење.

Во компанијата “Дадекс- Скопје” својата пракса ја извршува студентот Дарко Жиковски, редовен студент од втора година на Факултетот за претприемачки бизнис, кој во оваа компанија својата пракса ја практикува врз основа на потпишаниот договор за соработка помеѓу Факултетот за претприемачи бизнис и компанијата.

Со задолжителната пракса студентите стекнуваат дополнителни вештини и компетенции извршувајќи редовни работни задачи во рамките на секторите во кои се распределени. Посветеноста и ангажираноста на студентите во вршење на работните задачи се следи од страна на ментор од Универзитетот и ментор од соодветната институција.

Како ментор на студентот од Универзитетот е асистентката м-р Мери Ничкова, додека ментор од компанијата “Дадекс Скопје” е г-дин Дејан Јовчевски.

Во компанијата “Дадекс Скопје” како и во неколку други, дел од студентите од Факултетот за претприемачки бизнис, неколку години наназад ја реализираат својата пракса.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).