УТМС ПО ВТОР ПАТ ПРОГЛАСЕН ЗА SUPERBRANDS ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

УТМС ПО ВТОР ПАТ ПРОГЛАСЕН ЗА SUPERBRANDS ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, по втор пат ја доби наградата за Superbrands во високото образование за 2015/2016 година во Република Македонија. Оваа награда е уште една потврда за квалитетот кој УТМС континуирано го гради и негува. Универзитетот перманентно делува во насока на подобрување на капацитетите, следејќи ги светските норми за квалитет и методологија во сферата на високото образование. Што значи да сме Superbrands? Тоа значи дека УТМС е бренд кој е високо позициониран во деловниот свет, но и на македонскиот пазар. Применувајќи ги меѓународните стандарди на Superbrands, повеќе од 12.000 потрошувачи и внимателно одбрани експерти го прогласија УТМС - бренд универзитетот како лидер во високото образование врз основа на критериумите за квалитет, сигурност, различност и емотивната привлечност. Изборот на Superbrands го организира и надгледува меѓународната организација Superbrands, која е глобален авторитет во сферата на брендингот.

Оваа меѓународна организација специјализирана за брендинг е активна во 92 земји во светот и соработува со над 20.000 светски познати компании и водечки брендови. Почетоците на најпопуларните брендови датираат од 1994 година, кога ББЦ Лондон, медиумски ги преставува најдобрите брендови и тајните на нивниот успех. Надгледувањето на процесот на гласање е во склад со меѓународни стандарди кои вклучуваат гласање од страна на потрошувачите и членовите на Стручниот совет.

Организацијата “Superbrands” Македонија, Свечената церемонија ја организираше во ТВ 21 каде беа прогласени новите “Superbrands“ за 2015/2016 година.

На свеченоста организирана по тој повод, на која им беа доделени награди за Superbrands на престижни компании и институции од Република Македонија, присуствуваше и делегација од УТМС претставувана од: ректорот на УТМС, проф.д-р Аце Миленковски, проректорот за настава, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Сашо Кожухаров, деканот на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, проф. д-р Александра Стоилковска, деканот на Факултетот за туризам, проф. д-р Сашко Граматниковски, деканот на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, проф. д-р Далиборка Блажеска, деканот на Факултетот за преприемачки бизнис, доц. д-р Наташа Ристовска, проф. д-р Слободан Ивановиќ, директорот за човечки ресурси, м-р Јово Ратковиќ, деловниот асистент, Ирена Пеповска Ристовска и Драги Илиевски.

Наградата Superbrands за УТМС ја прими ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски. Добивањето на наградата за Superbrands по втор пат е многу важна, бидејќи таа е доказ за следење на светските стандарди за квалитет во високото образование и нивно имплементирање во академската работа на УТМС.

Меѓу наградените компаниите и институции беа и: Анхоч, Бекстејџ, Сити Радио, Даути, Комерцијална Банка, Еурофарм, Телеком, Љубојна и како бренд личност беше прогласен Кирил Лазаров.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).