OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Мисија

 

Нашата мисија е создавање, спроведување и одржување на највисок квалитет во образованието. Подготовка на високо стручни кадри, кои ќе умеат да се соочат со предизвиците, што во иднина ќе им ги постават нивните професионални кариери.


Основната водилка на Универзитетот за туризам и менаџмент, е да им го даде на студентите сето потребно знаење, и истовремено да ги насочи кон вистинските приоритети, се со цел создавање на подобра иднина а воедно и кадри, кои ќе бидат неопходни за новите научни и професионални барања на општеството и бизнис заедницата.

Универзитетот за туризам и менаџмент, низ својата методологија на работа, која е речиси идентична со начинот на работа на сите светски Универзитети, првенствено низ наставата, но и со спроведувањето на практичните ангажмани, постојано ја буди креативната активност на студентите, истражувачкиот дух во нив, и секако нивната потреба за освојување на нови знаења и вештини.

Токму затоа... Студирајте со најдобрите!