OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Почитувани,

  

Чест и задоволство ми е да Ве поздравам од името на Универзитетот за туризам и менаџмент и да Ви посакам добредојде на единствениот приватен факултет за туризам во Македонија. Сега, кога се соочувате со донесувањето на најважната животна одлука за избор на идната професија, Факултетот за туризам во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, ви нуди актрактивни и современи студиски програми од областа на туризмот. Туризмот е една од најперспективните стопански гранки во Република Македонија. Нашата мисија е со примена на современи методи и техники за едукација, да образуваме квалитетен кадар кој ќе биде способен со креативна работа да овозможи унапредување и промоција на туризмот надвор од границите на Република Македонија. Нашите студенти покрај теоријата, своите практични знаења и искуства ги стекнуваат во најелитните хотели и туристички агенции, како во земјава, така и во странство со посредство на меѓународна соработка и размена на студенти. Следејќи ги најновите светски трендови во високото образование и доследното спроведување на ЕКТС системот, успеавме да се етаблираме како водечки во едукативниот процес во туризмот и со тоа да обезбедиме сигурна иднина за нашите дипломирани студенти, како и за вкупниот развој на туристичката индустрија.

Со почит, Декан Проф. д-р Сашко Граматниковски

Визијата на Факултетот за туризам е да придонесе за вклучување на Република Македонија на светскиот пазар како и да прикаже нова, иновативна и различна стратегија за развој на домашната туристичка понуда. Особено внимание посветуваме на теоретска надоградба на високо квалификувани туристички кадри кои ќе придонесат за етабилирање на Република Македонија како една нова светска туристичка дестинација.

Мисијата на Факултетот за Туризам на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е да обезбеди академски успех и достигнувања на студентите на додипломско и постдипломско ниво во областа на туризмот и хотелскиот менаџмент. Факултетот за туризам перманенто одржува висок квалитет во образованието, преку постојано создавање најконкурентни услови за стекнување знаења, вештини и компентенции од областа на туризмот. На студентите им се овозможува квалитетна академска основа, со пристап до различни знаења и вештини, за да се подготват да бидат продуктивни, компетентни професионалци и одговорни граѓани во разновидната и динамична глобална пазарна околина. Факултетот перманентно промовира регионален економски развој, развој на лидерството, примена на принципите на глобалниот етички код во туризмот, како и развојот на долготрајни животни способности.

 

  • Создавање на компетенти кадри од областа на туризмот 
  • Стекнување на вештини и компетенции за креирање независни истражувачи на знаења 
  • Развивање сопствени вештини за доживотно учење 
  • Развивање на свест за управување со сопствениот професионален живот 
  • Тестирање на теоријата во практика преку спреведување активни практикуми со теренска настава 
  • Учење преку доследна примена на ЕКТС системот во согласност со болоњскиот процес и работа под менторство 
  • Продолжување на меѓународната соработка со етаблираните високо образовни институции од регионот и пошироко

 

Соработници од стопанството