OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

НА УТМС ПРЕДАВАЊЕ ОДРЖА ДИРЕКТОРКАТА НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ, Г-ЃА САЊА ЛУКАРЕВСКА

Универзитетот за туризам и менаџмент креира политики кои приоритетно се фокусирани на обезбедување силна академска и институционална подршка на студентите во стекнувањето на високо ниво на компетентност. За таа цел на 05.10.2017 година во амфитеатарот на УТМС, пред вработените и студентите, предавање одржа директорката на Управата за јавни приходи, г-ѓа Сања Лукаревска.

Предавањето беше на тема: Организациона поставеност и улогата на Управата за јавни приходи. Во текот на предавањето студентите имаа можност да се стекнат со знаења за организациската поставеност на УЈП како и за оперативното спроведување на даночната политика, водењето на единствениот даночен регистар и даночните евиденции на даночните обврзници, наплата и поврат на даноци, социјални придонеси од плата и други јавни давачки, инспекциски надзор, следење и анализа на функционирањето на даночниот систем. Во своето обраќање директорката истакна дека целта на Управата за јавни приходи на Р. Македонија е да обезбеди висок квалитет на услуги за даночните обврзници, поедноставени даночни постапки за навремено и точно исполнување на обврските и праведно и ефикасно собирање на даноците и на другите јавни давачки. Во тој контекст директорката ги потенцираше реформите кои се во функција на олеснување на процесот за даночните обврзници. Предавањето беше интерактивно што овозможи студентите активно да се вклучат со поставување на прашања. Во таа насока директорката упати покана до студентите да ја посетат УЈП, истовремено истакна дека за дипломираните студенти кои сакаат да работат во УЈП вратите секогаш се отворени за нив. Предавањето заврши со тоа што директорката потенцираше дека: „Заштитен знак на УЈП се правичност и транспарентност во работењето, неселективност во давање на услуги на даночните обврзници и следење на европските трендови во креирање на модерна институција“.