OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

УТМС УЧЕСНИК НА САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Тимот на УТМС со директорот на АВРМ,  г-дин Владо Поповски Тимот на УТМС со директорот на АВРМ, г-дин Владо Поповски

Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје и оваа година беше дел од традиционалниот Саем за вработување што го организираше Агенцијата за вработување на Република Македонија и Сојузот на стопански комори.

На Саемот кој се одржа на 18.05.2017 година во просториите на Метрополис Арената на Скопскиот саем учествуваа над 50 компании и организации меѓу кои покрај УТМС и: ЕВН – Македонија, Лајонес, МГИ – текстил, Џевахир холдинг, Ван Хол, Голден Арт, Инбокс, Рамстор, Тинекс, Семос Едукација, МЗТ, Џонсонс Мети, Кроација Осигурување, Халк Банка, Образовен центар Визија, Шпаркасе и НЛБ – Тутунска Банка и други. УТМС се претстави со проактивен пристап за вмрежување со цел интеграција на своите студенти со работодавците при што оствари корисни средби за соработка.

Саемот го отвори Министерот за труд и социјална политика, г-дин Ибрахим Ибрахими, кој во своето излагање ги поттикна и работодавците и оние кои бараат работа за подиректен пристап и вмрежување.

Тимот на УТМС составен од академски кадар и студенти оствари корисни средби и вмрежувања и најави за средби со дел од работодавците на УТМС.