OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

ПРЕСТИЖНИОТ MAASTRICHT SCHOOL OF MANAGEMENT СО ЕКСКЛУЗИВЕН ПОВИК ДО СТУДЕНТИТЕ НА УТМС

СТАНИ ДЕЛ ОД МБА ПРОГРАМАТА НА МСМ И СТЕКНИ СЕ СО ПРЕСТИЖЕН СЕРТИФИКАТ СО ЕДНОНЕДЕЛEН СТУДИСКИ ПРЕСТОЈ И ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ЛИДЕРСТВО И ОРГАНИЗАЦИСКО ОДНЕСУВАЊЕ

Еден од највисокорангираните факултети за бизнис во Европа-Maastricht School of Management (www.msm.nl), со кој УТМС има потпишано договор за меѓународна соработка, упатува ексклузивна покана до сите студенти и алумни на УТМС за надградба на образованието и вмрежување со врвни студенти од целиот свет.

Основан во 1952, Maastricht School of Management (MSM) е еден од наjстарите и најпознати факултети за бизнис школи во светот, нудејќи истражувачки ориентирани и меѓународно акредитирани програми од областа на менаџмент и лидерство. Докторските студии на Maastricht School of Management (MSM) се рангирани втори во светски рамки, а мастер програмата е во првите десет во Европа.

Во рамки на соработката со УТМС, Maastricht School of Management, нуди одлична можност за студентите од додипломски и постдипломски студии на УТМС за вклучување во еднонеделна едукативна програма за Лидерство и организациско однесување.

Имено, се работи за дел од МВА програма на Универзитетот, која методолошки е структуирана во една седмица. Покрај предавањата од врвни професори од Универзитетот, студентите ќе имаат можност за посета на глобални и локални компании во Холандија. Покрај бенефитите на интензивната еднонеделна програма, студентите од УТМС ќе се вмрежат со други талентирани студенти од Универзитетот од Мастрихт и од целиот свет.

Оваа уникатна можност за надградба од светски ранг, на одбраните студенти од УТМС ќе им донесе:

1. Сертификат од страна на Maastricht School of Management и освоени кредити
2. Препознавање во меѓународната бизнис и академска заедница
3. Можност за посета на преубавиот Мастрихт и Холандија, како и водечките компании од Холандија
4. Знаење од светски препознатливи професори и експерти.

Програмата ќе се реализира од 12-ти до 16-ти Јуни, 2017 година, а ќе имаат можност да ја посетат само 10 студенти од УТМС.