OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД УТМС ПРИСУСТВУВАШЕ НА 105-ТА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА UNWTO

Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски му ја честита кандидатурата за нов Генерален секретар на UNWTO, на г-дин Зураб Пололикашвили Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски му ја честита кандидатурата за нов Генерален секретар на UNWTO, на г-дин Зураб Пололикашвили

На 105-тата седница на Извршниот совет на Светската туристичка организација (UNWTO), Неговата Екселенција, амбасадорот на Р. Грузија во Р. Шпанија, г-дин Зураб Пололикашвили, беше предложен за кандидат за Генерален секретар на UNWTO во периодот од 2018-2022 година. Неговиот избор ќе биде ратификуван на 22-та седница на Генералното собрание на UNWTO во Ченгу, Р. Кина.

На седницата, што се одржа на 11-ти и 12-ти мај во Мадрид, на која, присуствуваше и делегација од УТМС, предводена од ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, фокусот беше ставен на актуелните трендови и предизвици со кои се соочува туристичкиот сектор. Над 250 претставници од 59 држави, ги утврдија приоритетите и програмата за работа на Светската туристичка организација на Обединетите Нации, за периодот 2018-та – 2019-та година, како и агендата на „Меѓународната година на одржлив туристички развој“.

 Taleb Rifaiд-р Талеб Рифаи

„Предвидуваме дека до 2030-та година, ќе има над 1,8 милијарди меѓународни туристи. Мора да обезбедиме таквиот раст да оди заедно со одржливоста, да ги согледаме можностите на иновациите и новите технологии. Мора да продолжиме со напорите за создавање услови, патувањата да бидат безбедни, а туристичкиот сектор да им служи и на луѓето, но и на планетата земја, истакна, меѓу другото, досегашниот генерален секретар на UNWTO, г-дин Талеб Рифаи.

Ректорот, проф. д-р Аце Миленковски кој ја предводеше делегацијата од УТМС, на маргините на состанокот во Мадрид, оствари серија средби со високи функционери на UNWTO, меѓу кои со господин Талеб Рифаи, со кого УТМС има воспоставено пријателски релации.

Делегацијата на УТМС имаше прилика и лично да му го честита изборот на г-дин Зураб Поликашвили за кандидат за нов генерален секретар на UNWTO.