OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

МАТУРАНТИ ОД СОУ „Ј. Б. ТИТО” И СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО” ОД БИТОЛА ВО ПОСЕТА НА УТМС

Матуранти од СОУ „Јосип Броз Тито” и СОУ „Таки Даскало” од Битола во посета на УТМС Матуранти од СОУ „Јосип Броз Тито” и СОУ „Таки Даскало” од Битола во посета на УТМС

Во функција на апликативно промовирање на предностите за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, матуранти од СОУ „Јосип Броз Тито” и СОУ „Таки Даскало” од Битола го посетија универзитетот при што остварија средби со деканите и професорите со кои разговараа за условите и можностите за студирање. Воедно преку мултимедијална презентација им беше претставена апликативноста на платфотмата Е-студент и Е-библиотека, примената на дигиталната технологија во процесот на учење, ентериерот на предавалните и амфитеатарот. За време на посетата матурантите присуствуваа на предавања по предметот Бренд менаџмент и Семејни бизниси со цел претставување на методологијата на студирање. Во непосредната комуникација со вработените и студентите, матурантите го искажаа големото задоволство и импресиите од атмосферата на УТМС како и од современите услови за студирање. Дел од матурантите донесоа одлука да студираат на УТМС.