OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Студентите од Факултетот за туризам на пракса во реномирани хотели во Македонија и странство

Меѓународниот туризам кој во светот го вработува секој дванаести работник во стопанството и обезбедува развој и просперитет на многу стопански чинители од разни дејности, представува шанса на земјите во развој за излез од стагнација на целото стопанство.

Современиот турист, во духот на новата туристичка визија, инсистира на квалитетна услуга и подготвен е да плати цена за вредност. Туристичките субјекти соочени со неопходноста да произведат квалитет кој го бара пазарот, свртени се кон човечките ресурси како клучен чинител на тој процес.

Факултетот за туризам на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во функција на создавање на квалитетни кадри за работа во туризмот, соработува со бројни стопански субјекти од редот на реномирани хотелски компании, туристички агенции, туроператори, средни стучни училишта, стручни здруженија и стопански комори од областа на туризмот, во земјата и странство.

Во таа насока организира и под двострано менторство реализира студентска пракса во траење од минимум еден месец секоја студиска година, во земјата и во странство.

Sara Gjorevska

Сара Ѓоревска, студент на втора година студии на Факултетот за туризам, својата пракса ја обавува во Hotel Albаna Grand во Луцерн Швајцарија, каде што е непосредно вклучена во просецот на хотелското работење што претставува извонредна можност да се стекне со практично искуство.

Luka Jovicevic

Лука Јовичевиќ, студент на втора година на Факултетот за туризам, своето практично искуство во дејноста го стекнува во Hotel Aphroditi на Крит во Грција, каде што непосредно учествува во процесот на работење послужување, во секторот ресторансво.

 

Teodora Janeva

Теодора Јанева, студент на втора година на Факултетот за туризам, својата пракса ја обавува во Hotel Holiday Inn во Скопје, каде што по запознавање на сите департмани во хотелот, непосредно е вклучена во просецот на рецепциското работење, под менторство на хотел менаџерот Томислав Котевски, што претставува извонредна можност да го надгради своето теоретско знаење со потребни деловни вештини и компетенции и се стекне со практично искуство.

Студентите на пракса имаат одговорен пристап кон изведување на праксата и посебен инерес успешно да ги ивршат доделените задачи и да се стекнат со потребните деловни вештини и компетенции, што е согледливо од е-дневникот во кој ажурно ги евидентираат сите свои активности. Во тој процес особена важност има водството кое им го даваат менторите од компаниите каде што ја изведуваат праксата и од Факултетот за туризам.