OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Студентите од Економскиот факултет на пракса во „Стопанска Банка“

Студентите од Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, својата практична настава ја изведуваат во повеќе реномирани економски компании и банки вон Република Македонија.

Студентката од втора година на Економски факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, Милена Китановска, својата практична настава ја извршува во „Стопанска банка“ во Крива Паланка, со целосна посветеност и ангажираност.

Менторот од банката, г-ѓа Христина Младеновска е исклучително задоволна од студентката, односно од нејзиниот покажан интерес и подготвеност за стекнување на нови знаења. Студентката секојдневно успешно ги извршува практиканските активности и редовно и ажурно го потполнува е-дневникот.

Со цел мониторинг на доследното изведување на стручната пракса на студентите од Економскиот факултет, Асс. Стефан Ристовски е назначен ментор додека ментор од страна на „Стопанска Банка“е назначена -ѓа Христина Младеновска.