OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Склучен договор за соработка помеѓу Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и Општина Велес

Деканот на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. д-р Александра Стоилковска и Градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев во просториите на општината потпишаа Договор за меѓусебна соработка. Со овој договор се регулира изведувањето на задолжителната студентска пракса на студентите од факултетот во Одделението за човечки ресурси во општина Велес.

Склучувањето на овој договор е еден од низата договори кои Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ги склучува со институции и организации од земјата и странство, а со кои се отвораат вратите за студентите за стекнување на дополнителни знаења, применливо искуство и подобро разбирање на „светот на работењето“.