OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

УТМС ОРГАНИЗИРАШЕ НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЧИЊАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ НА УТМС

Традиционално и оваа година по повод Новогодишните празници Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје организираше новогодишна програма за доделување на новогодишни пакетчиња на дечињата на вработените на УТМС. Новогодишната програма беше интерактивна и во неа учествуваа омилените детски ликови, Дедо Мраз и снегулките кои низ игра и разговор ги анимираа дечињата, водејќи ги во светот на бајките каде детските фантазии и желби стануваат реална насмевка, среќа и радост. Програмата заврши со доделување на новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз и неговите пораки за среќно и весело детство.