OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Позначајни активности на Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“

  1. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје (УТМС) во 2007 година го основаше Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“ со цел да обезбедува поддршка и дава помош во развој на образованието и науката во Република Македонија преку стипендирање на талентирани ученици и студенти, кои постигнуваат високи резултати во учењето и студирањето, организирање на разни активности и проекти во областа на образованието и науката со кои се придонесува за подигање на квалитетот во образованието и науката и развој на методиката во образованието. Преку овој фонд секоја година се обезбедуваат 20 целосни стипендии во износ од 6000 евра за талентирани матуранти, 10 делумни стипендии со износ од 3000 евра (50% од школарината) и 10 стипендии од 1500 евра (25% од школарината). За таа цел се организираат натпревари во знаење. Имено, во минатата година за време на презентирањето на Универзитетот, на матурантите им беа поделени апликации со кои тие можеа да се пријават на натпреварот (Колумбо). Истиот се одржа во месец април во Охрид.

  2. Согласно методологијата за работа на Универзитетот и системот за оценување First Class Honours Degree, студентите кои постигнуваат високи резултати во студирањето добиваат ректорски и декански пофалници и стануваат носители на некоја од титулите Summa Cum Laude, Magna Cum Laude или Cum Laude. Секоја титула носи стипендија за следната академска година или за наредниот циклус на студирање (втор циклус магистерски студии).


  3. Преку Фондот се стипендирани со целосни стипендии за постдипломски магистерски студии за академската 2010-2011 година трите најдобри спортисти во државата предложени од Македонскиот олимписки комитет со кој Универзитетот има потпишано Меморандум за соработка.

  4. Како поддршка на образованието, воопшто во државата, преку Фондот стипендирани се и обуки за професори и наставен кадар од средните училишта во Република Македонија. Во тој правец и организираше повеќе тридневни обуки кои беа реализирани во различни региони и градови во државата:

    - 18.03.2011г. до 20.03.2011 г. за наставен кадар од средните училишта во Скопје
    - 08.04.2011г. до 10.04.2011 г. за наставен кадар од средните училишта од Западна Македонија
    - 15.04.2011г. до 17.04.2011 г. за наставен кадар од средните училишта од Источна Македонија
    - 08.04.2011г. до 10.04.2011 г. За наставен кадар од средните училишта од Југоисточна Македонија

  5. Започнувајќи од академската 2010-2011 година УТМС функционира со електронски систем за евиденција и оценување на студентите. Имено, Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“ вложи 200 000 евра за инсталирање и имплементирање на овој проект. За таа цел обезбедени се неопходната техничка поддршка како и повеќе обуки на наставниот кадар (сите професори и асистенти), кадарот кој работи во центарот за логистика и специјални обуки за систем-администраторите. Универзитет-партнер и факултет кој реализираше обуките со сопствен професорски и технички кадар беше Универзитетот во Риека и Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството. Системот придонесе за транспарентност во работата на професорите и постигнувањата на резултатите во знаење, вештини и компетенции на студентите.

  6. Финансиски се поддржани повеќе помали активности со суми од 1000 – 5000 евра. Меѓу нив би ги споменале: традиционалната Галичка свадба, Меѓународна претприемачка недела, активности на Општинска организација на Црвен Крст, Саем за туризам-Травел маркет Скопје 2011 и други. Финансирано е и користење на простории и техничка опрема за повеќе организации: МОК, Туристички сојуз на Скопје, Лајонс клуб, Туристички агенции за презентација на сопствени активности, невладини организации итн.

  7. Преку Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“ во соработка на со донаторот Зигфрид Штиглиц (Австрија), почесен доктор на науки (doctor honoris causa) од областа на економските науки на УТМС, доделени се пет стипендии за студиски престој во Австрија за највисок постигнат успех во совладувањето на материјата во текот на студиите во тековните семестри и покажан особен интерес и учество во голем број на настани преку кои се промовираше и афирмираше Универзитетот.


  8. Од овој Фонд преку ФТС Травел организиран е седумдневен престој во РМ на студенти, предложени од Меѓународната организација „Лајонси“. Студентите од различни држави во светот имаа можност минатата година, 2011, во јули месец, да ја посетат и запознаат нашата држава.

 

Постигнувања:

 

  1. Оснивањето на Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“ е од особено значење за талентираните студенти кои немаат финансиски средства да си обезбедат квалитетно образование. УТМС работи според методологијата за работа и системот за оценување First Class Honours Degree. Тоа значи, да се применат и останатите елементи на квалитетна високообразовна едукација, според која како краен производ се продуцира кадар со развиени соодветни компетенции и вештини, освен потребните и вообичаените теоретски знаења. Дипломите кои се издаваат на Универзитетот се со препознатлива вредност, односно исти како што се издаваат на високопрестижните универзитети во светот, со сите потребни информации за развојот на знаењата, вештините и компетенциите на студентот (не само „голи“ оценки).

    Така, благодарение на Фондот со вакво образобвание и дипломи се стекнале 155 додипломци и 46 постдипломци на седумте факултети кои егзистираат во рамките на Универзитетот, во вкупна вредност од 718 500 евра или 44 187 750 денари. За конкретната 2011 година отпаѓаат 143 700 евра или 8 837 550 денари.

  2. Преку стипендирањето на најдобрите студенти со стипендија за наредната студиска година се поттикнува мотивацијата за учење и совладување на компетенциите, се јакне натпреварувачкиот дух кај студентите, а со тоа ти постигнуваат повисоки резултати.

  3. Преку стипендирањето на најдобрите спортисти во државата се поддржува спортската младина на државата. Образовниот развој на овие кадри овозможува да се ползуваат нивните компетенции натаму во државен интерес.

  4. Прогресивниот наставен кадар од целата држава имаше можност да се запознае со новите интенции на образованието во светски рамки што му овозможува натаму да го имплементира наученото во секојдневната работа со учениците во средните училишта, а со тоа де се подигне степенот на образование во РМ.

  5. Со инсталираниот и имплементираниот систем за електронска евиденција се обезбедува целосна транспарентност, во евидентирањето на податоците за секој студент и читањето на резултатите (на скен) за само после неколку минути од испитот. Во исто време системот нуди и заштита на личните податоци на студентите. Субјективноста на професорите во оценувањето е целосно елиминирана.

  6. Со финансирање на најразлични активности кои се случуваат на државно ниво се олеснува напредокот на државата во конкретните области кои се потпомогнати.

  7. Студискиот престој во Австрија им овозможува на најдобрите наши студенти да се стекнат со меѓународно искуство и да ја спознаат разликата во работата, во нивната област, зависно од тоа што студираат, во нивната држава, Македонија и Австрија како дел од ЕУ.

  8. Преку соработката со Меѓународната организација „Лајонси“ вклучени сме во хуманитарни активности на меѓународно ниво. За тоа, како претставник на Фондот „Проф.д-р Љубе Миленковски“, проф. д-р Аце Миленковски има добиено благодарница од седиштето на „Лајонси“ во Чикаго.