OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

СРЕДНОШКОЛЦИ ОД СОУ „НАУМ НАУМОВСКИ - БОРЧЕ“ ОД КРУШЕВО ВО ПОСЕТА НА УТМС

Средношколци од СОУ „Наум Наумовски - Борче“ од Крушево, денес го посетија Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Преку мултимедијална презентација на средношколците им беше објаснета методологијата на студирање со приказ на платфотмата Е-студент, примената на дигиталната технологија во процесот на учење, наставно – научните практикуми, грижата за студентите на Центарот за кариера во стекнување на извонредни компетенции и обезбедување на вработување, како и ентериерот на предавалните и амфитеатарот. Во непосредната комуникација со вработените, матурантите го искажаа големото задоволство и импресиите од атмосферата на УТМС како и од современите услови за студирање.

Прочитајте 318 times