OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

МАТУРАНТИ ОД СУГС „ЈОСИП БРОЗ ТИТО СКОПЈЕ” ОД СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА УТМС

Во рамките на промотивните активности за предностите на студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, матуранти од СУГС „Јосип Броз Тито” од Скопје го посетија универзитетот. За време на посетата матурантите имаа можност да остварат средби со академскиот кадар и да добијат информации за уникатните предности на УТМС. На матурантите им беше објаснета методологијата на студирање која е аплицирана според најпрестижните универзитети во светот, меѓународно признатата диплома, моделот на учење преку вежби и пракса, можностите за студии и работа во странство, платфотмата Е-студент и Е-библиотека, примената на дигиталната технологија во процесот на учење, ентериерот на предавалните и амфитеатарот. Во непосредната комуникација со вработените и студентите, матурантите изразија задоволство и импресиите од атмосферата на УТМС како и од современите услови за студирање.

Прочитајте 364 times