OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

ПРОМОЦИЈА НА УТМС ПРЕД МАТУРАНТИТЕ ОД СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ ВО КОЧАНИ

Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје реализираше промотивни активности за упис на нови студенти пред матурантите од средното училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани. Мултимедијалната, интерактивна презентација претставена од академскиот кадар предизвика интерес кај матурантите кои внимателно ги следеа 10-те причини поради кои треба да донесат одлука за студирање на УТМС. Посебен интерес матурантите покажаа за методологијата на студирање, примената на дигиталните медиуми во процесот на студирање, наставно-научните практикуми кои ја поврзуваат теоријата со практиката и поддршката од Центарот за кариера со можноста за вработување.

Прочитајте 510 times