OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

ПРОМОЦИЈА НА УТМС ПРЕД МАТУРАНТИТЕ ОД СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ВО КОЧАНИ

Во функција на промовирање на факултетите во состав на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје за упис на нови студенти, тим од УТМС одржа презентација пред матурантите од средното училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани. Преку мултимедијална, интерактивна презентација академскиот кадар предизвика интерес кај матурантите кои внимателно ги следеа 10-те причини поради кои треба да донесат одлука за студирање на УТМС како високо-образовна иституција. Посебен интерес матурантите покажаа за методологијата на студирање, примената на дигиталните медиуми во процесот на студирање, наставно-научните практикуми кои ја поврзуваат теоријата со практиката и можноста за вработување.

Прочитајте 242 times