OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

ПРОМОЦИЈА НА УТМС ПРЕД МАТУРАНТИТЕ ВО СОУ „КОСТА СУСИНОВ” ВО РАДОВИШ

Со мултимедијална интерактивна презентација, тимот од Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје, во рамките на промотивната кампања за упис на студенти во академската 2017-2018 година, ги информираше матурантите од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш за приоритетните 10 причини кои ќе придонесат за време на студиите и по дипломирањето да се стекнат со конкурентни знаења, вештини и компетенции. Посебен интерес предизвика методологијата на студирање, меѓународно признатата диплома, работата на Центарот за кариера во организирање и реализација на практичната настава во земјава и странство, како и можноста за вработување. Поголемиот дел од матурантите покажаа интерес за примената на современата информатичко-комуникациска технологија во процесот на студирање како и за искористување на ваучерот за ран упис.

Прочитајте 676 times