OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

ПРОМОЦИЈА НА УТМС ПРЕД МАТУРАНТИТЕ ВО СУГС „НИКОЛА КАРЕВ” ВО СКОПЈЕ

Тимот од УТМС со матурантите од СУГС „Никола Карев” Тимот од УТМС со матурантите од СУГС „Никола Карев”

Промотивни активности за упис на нови студенти, Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, реализираше во СУГС „Никола Карев“ во Скопје. Во креативна атмосфера, преку интерактивна и мултимедијална презентација, матурантите внимателно ги следеа десете причини кои за нив во иднина ќе бидат компетитивна предност и можност за градење на успешна професионална кариера. Во таа насока беа претставени предностите на петте факултети на УТМС. Посебен интерес кај матурантите предизвика методологијата на студирање, грижата на Центарот за кариера за секој студент одделно во обезбедување на практична наства во земјава и странство, организирање на наставно-научни практикуми, стипендирањето преку Фондот за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковски” како и можноста за вработување. Доказ за тоа беше видео записот во кој беа презентирани студенти кои по дипломирањето изградиле успешни кариери.

Прочитајте 1082 times