OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense
Стекнатото теоретско знаење во текот на наставата, студентите од Факултетот за претприемачки бизнис, го надополнуваат со практична работа во институции, организации и компании во земјата и странство.
Во рамките на годишната програма на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, за гостување на предавачи од практиката во наставата на поодделните предмети, на ден 08.05.2015 година, гостин од Факултетот за претприемачки бизнис беше д-р Љубиша Николовски, Раководител на сектор за институционална поддршка и трансфер на знаење од Агенцијата за поддршка на претприемаштвото во Република Македонија.

Во рамките на политиката на УТМС за соработка со другите високо-образовни институции во земјата и регионот, на 08.05.2015 година, гости на Универзитетот беа група на најдобри студенти од Педагошкиот факултет Битола придружувани од Проф. д-р Добри Петровски, Продекан на Факултетот и Проф. д-р Методија Стојановски.

Координаторот на постдпломските студии на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и Декан на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, проф. д-р Александра Стоилковска, на ден 28.03.2015 година одржа информативно инструкциски состанок за оперативна подготовка и изработка на магистерски труд.
Страница 7 од 26