OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ОДБОРОТ ЗА СОРАБОТКА И ДОВЕРБА СО ЈАВНОСТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИС

На 16.05.2017 година во просториите на УТМС се одржа редовна седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за претприемачки бизнис кој функционира во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Седницата ја отвори и ја водеше претседателот на одборот, м-р Бети Деловска. Согласно дневниот ред беше отворена дискусија по неколку значајни прашања. Членовите на одборот дадоа предлози за изработка на годишната програма на одборот на Факултетот, насоки за унапредување на промотивните активности на УТМС, препораки за ажурирање на студиската програма со интегрирање на нови предметни програми, актрактивни и актуелни на европско ниво, можности за склучување на договори за соработка со компании и јавни институции, како и ангажирање на студентите во тековни проекти на организациите во кои членовите на одборот работат, како составен дел на задолжителната практичната настава за студентите.

Членови на Соведовниот одбор активно учествуваа на седницата со свои аргументирани ставови и мислења за развој и проширување на активностите на Факултетот за претприемачки бизнис како единствен факултет од оваа област во државата.