OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

СТУДЕНТИТЕ ОД ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ОД УТМС УЧЕСТВУВАА НА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ НА ТЕМА: „ПОВИСОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ЗА СИТЕ”

Во организација на Finance Think и Civica Mobilitas во хотел „Мериот” во Скопје, се одржа Економскиот форум на кој учествуваа студенти од Економскиот факултет од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје: Александар Тофиловски и Александар Џо Господов од трета година, како и Стојановски Андреј, Милевска Марија и Арслановски Јордан од втора година, предводени од нивниот професор, проректорот за меѓународна соработка на УТМС, проф. д-р Зоран Ивановски.

На форумот главни панелисти беа: г-дин Кочо Анѓушев, Вице-Премиер за економски прашања во Владата на Р. Македонија, г-дин Димитар Богов, Гуверенер на Народната банка на Р. Македонија, г-дин Бојан Шамбев, главен економист на Светска банка во Р. Македонија и академик, проф. д-р Абдулменаф Беџети. На форумот учествуваа голем број професори од сите Економски факултети во државата, како и лица од бизнис секторот и од медиумите. Дискусијата беше насочена кон тоа како Р. Македонија да обебзеди повисоки стапки на економски раст и порамномерна дистрибуција на растот за сите граѓани на нашата земја.

Овој настан беше можност нашите студенти да слушнат и да дебатираат за најважните економски прашања во државата, што е од непроценлива важност за нивното образование и стекнување на високо ниво на знаења, вештини и компетенции.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и со овој настан докажува дека грижата за квалитетот на образованието е приоритет и затоа активно ги инволвира студентите во научната и истражувачката работа, дури и на прв циклус на студии.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и во иднина ќе продолжи со иновирање на образовниот процес, докажувајќи ја својата лидерска позиција на полето на високото образование во Р. Македонија.