OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ОДБОРОТ ЗА СОРАБОТКА И ДОВЕРБА СО ЈАВНОСТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ

Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент кој функционира во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, одржа редовна седница на 17-ти Мај 2017 година.

Согласно дневниот ред беше отворена дискусија по неколку значајни прашања. Членовите на одборот го изразија своето задоволство што се дел од одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и ги поздравија позитивните практики и резултатите од работењето на УТМС. На седницата беа дадени и конкретни предлози за продолжување на веќе воспоставената практика за задолжителната пракса и можностите за вработување на нашите студенти. Со ова уште еднаш се потврди грижата за зголемување на знаењата и компетенциите на студентите кои студираат на УТМС, како и можноста за нивно вработување.

Сите членови на Соведовниот одбор активно учествуваа на седницата со свои мислења и предлози во насока на подобрување на активностите на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.