OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

За Факултетот | Економски

  
Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е меѓународно препознатлива и активно дејствувачка организација, која по методологијата на стекнување знаења, вештини и компетенции е синоним за високи стандарди и барања за одржување на квалитетот на Високот образование, кое, како факултет, се етаблираше и се позиционира на место во редот на лидерите во областа на високото образование во Европа и во светот.
 
Мисијата на Економскиот факултет е да се поттикне академска совршеност и постигнувања на студентите, како на ниво на додипломски, така и на постдипломски студии во областа на економските науки, односно студентите да имаат силна академска основа со пристап до разни специјализирани бази на знаење и да се подготвени да станат продуктивни, компетентни професионалци и одговорни граѓани во разновидната, динамична глобална средина, како и да се обезбеди модерна и единствена средина за учење низ процесот на студирање на највисоко ниво, која ги подобрува потенцијалите на студентите и придонесува за академска совршеност за создавање на кадри од областа на економијата, професионални лица кои ќе можат да ја спроведуваат позиционираната политика за побрз одржлив развој и приближување кон светските стандарди
 
Економскиот факултет, по поднесениот елаборат за основање од февруари 2009 година, е акредитиран со одлука на Одборот за акредитација на 06 јули 2009 година, актуелизиран со одлуката за реакредитација од 15 декември 2014 година.
 
Потребата од кадри за стручната област на економските дисциплини е во функција на успешното имплементирање во стопанскиот сегмент на Република Македонија при вклучувањето во европските и светските организации и институции. Расположивите податоци покажуваат дека во нашата држава постои перманентен недостаток на адекватни стручни и професионални лица кои ќе можат да ја спроведуваат економската политика за побрз развој и приближување кон светските стандарди (банкарски, сметководствени, ревизорски, финансиски, даночни, царински, шпедитерски, осигурителни сегменти).
 
Детерминирањето и сегрегацијата на студиските области и програми се во согласност со Законот за високото образование, со почитување на унифицираното Европско студирање, при кое се уважени академските стандарди, модуларизацијата и скалестиот (pеr tranche) развој на курикулумите од основни (core) кон потесно специјализирани наставни области. Постигнат е исклучително одржлив сооднос помеѓу општите (теоретско-научни) со стручните дисциплини, со што се постигнува насочување и стручно профилирање, по избор на студентот, во завршните години на студиите со системот на изборни и факултативни предмети.
 
Изборот на наставните предмети по областите на интерес на студентите и нивната пристапна застапеност овозможуваат стекнување со продлабочени и специјализирани знаења од областа на економијата, низ стимулирање на креативноста и афинитетите на студентите. Во реализација на студиските програми се афирмира активната синергична улога на студентот преку присуството и влијанијата врзани и за научно-стручни и истражувачки семинари, консултации и соочувања, кои се вреднувани по ЕКТС системот што овозможува проодност на студентите на и од други високообразовни институции во земјата и во странство.
 
Програмите на Економскиот факултет се компатибилни (околу 70%) со сродните факултети од регонот (Хрватска - Ekonomski fakultet Sveucilista u Zagrebu, Словенија - Ekonomska fakulteta - Univerza v Ljubljani, со кој е активен и договорот за заедничка диплома на вториот циклус на студии, Србија – Универзитет у Београду, Економски факултет), како и со факултетите од поширокото Европско опкружување и САД, особено Stern University School of Business од New York. Фундирањата во оваа област се создадени согласно имплементацијата за градацијата на факултетите од рангираните факултети согласно Шангајската листа, по одредбите на Министерството за образование и наука на Република Македонија.
 
Економскиот факултет како конституирачки дел на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје има склучено голем број на договори за институционална соработка, од кои над 17 се од областа на соработка во Европските програми. Во рамките на програмата Еразмус+, склучени се договори со Универзитетот од Валенсија, Шпанија и Универзитетот Ла Сапиенца од Рим, Италија, како и Универзитетот Булент Еџевит од Зонгулдак, Турција. Преку интерните акти, кои имаат интегрирачки карактер, се детерминирани процедурите и поддршката за реализација на меѓууниверзитетската соработка и поддршка на реализацијата на заедничките програми на прв и на втор циклус на студии, студиска програма за Меѓународни односи, а во тек е и постапката за заедничка диплома врз база на договорот со Maastricht School of Management од Maastricht, Холандија.
 
Одборот за доверба со јавноста на Економскиот факултет е формиран со цел да даде професионална и апликативна поддршка во работата на Факултетот. Ова советодавно тело е составено од искусни професионалци од областа на Економскиот сегмент на локално, државно, економско, финансиско, надзорно и советодавно ниво, кои придонесуваат кон подобрувањето на компетитивноста на студентите за нивно ефективно инкорпорирање во понатамошниот професионален развој.
 
Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје отпочна со реализација на студентска пракса во организациите и институциите во Република Македонија уште од 2011 година, далеку пред да се донесат законските решенија по овој основ, која е еден од темелите на неговото функционирање.
 
Факултетот ја наметна и континуирано ја спроведува концепцијата за практична работа (во Република Македонија и во странство), во функција на кое, и во претстојните академски години наставата за предметите од областа на економијата ќе биде согласно селектираните институции и организации, според афинитетите на студентите за соодветна микро, макро и мезоекономија.
 
Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје перманентно ги промовира и спроведува наставно-стручните практикуми и посети на сигнификантни манифестации во функција на надградбите во областа со непосредното унапредување на сознанијата студентите. На нив студентите можат да се запознаат со практичната употреба на теоријата предвидена со наставната програма.
 
Практикумите се во целост конципирани кон наставната програма на Факултетот и во функција на градење на компетенциите на студентите.
 
Политиката за успешност на Универзитетот го поттикнува Економскиот факултет да ја организира наставата на таков начин што истата ќе се доближи што е можно повеќе кон практиката. За таа цел дел од часовите на Факултетот се одржуваат показно-учебни кооперации со успешни претпријатија или во претпријатија кои имаат можност да ја промовираат апликативната вредност на теоретските знаења што студентите ги добиваат од секојдневниот живот на бизнис секторот, при што се поканети професионалци-предавачи и соработници, кои се тесно специјализирани во областите во кои се одвивааат предавањата и вежбите, за да се разработат соодветни теми, концептуално усогласени кон целосната и субспецијализираната афирмативна насоченост на студентите.
 
Дефинитивно, Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент е предизвик, осознавач, остручувач, равојник и перспективност на генерациите!!!