OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Борд

Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент е формиран со цел да даде професионална и апликативна поддршка во работата на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.
Ова советодавно тело е составено од професионалци од бизнис заедницата и претставници на власта кои поседуваат искуство и знаење од областа на маркетингот. Нивната експертиза заедно со залагањата на наставниот кадар придонесуваат да се зголемат компетенциите на студентите и можноста тие ефективно и ефикасно да ги применуваат маркетинг активностите и промотивните стратегии на пазарот, кои ќе им овозможат да се диференцираат од останатите и да остварат конкурентска предност. Претседател на одборот е искусниот професионалец Зоран Росоманов сопственик на маркетинг агенцијата “Бато&Дивајн”. Членовите на одборот постојано даваат идеи и предлози во насока на подобрување на работата на Факултетот и неговите промотивни активности. На состаноците со одборот за соработка и доверба со јавноста учествува и наставниот кадар на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент каде се водат дискусии за современите трендови во областа на маркетингот и нивна имплементација во промотивните активности на факултетот.
Од состаноците на одборот за соработка и доверба со јавноста се развиваат разновидни истражувачки иницијативи.
Преку одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент нашите очекувања се да го прилагодиме образованието од областа на маркетингот на потребите на компаниите. Факултетот има постојана комуникација со бизнис заедницата, а како резултат на тоа се јакнат практичните способности на студентите во работната средина.

Во составот на Советодавниот борд се следниве членови:

 

Име и презиме

Организација

Зоран Росоманов, претседател

Маркетинг агенција “Бато&Дивајн”, сопственик
Зоран Саздовски, заменик претседател

Superbrands Adriatic, регионален маркетинг менаџер
Марија Саздовска, член

МА ГАМИНГ (АДМИРАЛ електронски казина), маркетинг менаџер
м-р Александар Кукулов, член

Маркетинг и ПР компанија “Дилан медиа маркетинг”, управител
м-р Тодор Стојчевски, член

Чептер 4, директор
Слаѓана Настеска Кочовска, член

ГАЗПРОМ, ПР менаџер
Татјана Блажевска, член

Министерство за култура, самостоен референт
м-р Виолета Цветковска, член

Општина Карпош, ПР
Проф. д-р Далиборка Блажеска, член

Претставник од основачот

 

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ОДБОРОТ ЗА СОРАБОТКА И ДОВЕРБА СО ЈАВНОСТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ 2017 ГОДИНА

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ОДБОРОТ ЗА СОРАБОТКА И ДОВЕРБА СО ЈАВНОСТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ 2016 ГОДИНА

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ОДБОРОТ ЗА СОРАБОТКА И ДОВЕРБА СО ЈАВНОСТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ 2014 ГОДИНА