OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Борд

Иницијативата за формирање на овој борд е кружење на идеи од деловниот маркетинг, со цел наставните програми на Универзитетот да се усогласат со најновите практични трендови во маркетингот. Бордовите се составени во најголем дел од професионалци/експерти и претставници на власта кои поседуваат искуство и знаење во стручната област за која се именуваат.

Главната цел на формирање на Бордовите е да се создаде јадро на поединци-професионалци надвор од Универзитетот, кои носејќи ја својата експертиза на УТМС ќе ги зајакне вредностите на студентите во деловната средина. Бордовите треба да обезбедат стратегиски совети за идентификување на новите можности и потенцијали за поврзување на науката и образованието со праксата.

Преку Бордот, нашите очекувања се да го прилагодиме образованието од областа на економијата и маркетингот на потребите на компаниите. Со воспоставувањето на Бордовите ќе се обезбедат начини за подобрување на комуникацијата помеѓу Универзитетот и бизнис заедницата, како и зајакнување на практичните способности на студентите во работната средина.

Во составот на Советодавниот борд се следниве членови:

  • Зоран Росоманов, Маркетинг агенција "Бато&Дивајн", сопственик – претседател
  • Зоран Саздовски, Superbrands Adriatic, регионален маркетинг менаџер
  • Марија Саздовска, МА ГАМИНГ (АДМИРАЛ електронски казина), маркетинг менаџер
  • Александар Кукулов, Маркетинг и ПР компанија "Дилан медиа маркетинг", Управител
  • м-р Ирена Мишева, Т мобиле и Телеком, член на бордот на директори на Т- мобиле и Телеком
  • Тодор Стојчевски, Чептер 4, директор
  • Слаѓана Настеска Кочовска, ГАЗПРОМ, ПР менаџер
  • Татјана Блажевска, Министерство за култура, самостоен референт за односи со јавноста
  • Атанас Кировски, Телма телевизија, директор
  • Сашо Дуљанов, адвертајзинг агенцијата "Публицист", раководител на одделот за односи со јавноста
  • м-р Виолета Цветковска, општина Карпош, ПР
  • Љубомир Николовски, Телевизија Алфа, директор

Галерија

View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/bord-7#sigProId91315f3884