OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Упис во три чекори

1. Избор на факултет

Најнапред треба да одлучите на кој факултет на УТМС би сакале да студирате. Какви афинитети имате, односно, што би сакале да работите кога ќе дипломирате.

2. Аплицирање

Откако избравте факултет, пополнете пријавен лист. Можете да го симнетe од нашата интернет страница или да дојдете да го земете од УТМС.
Пријавата и потребните документи:
а) дипломи за  завршено средно образование и положена матура,
б) извод од матична книга на родените, и
в) доказ за државјанство,
испратете ни ги на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или донесете ги на нашиот Универзитет.

3. Примени сте

Доколку ги исполнувате критериумите и сте примени на факултетот што го избравте, донесете 2 фотографии и доказ за уплатени средства за студирање. И тоа е се.

Ви честитаме, влеговте во светот на УТМС.Доколку имате какви било дилеми, нејаснотии или имате потреба од стручни консултации, нашите декани ви стојат на располагање за средби и разговори. Можете да закажете средба со деканите по e-mail или на телефон и низ директен разговор да се информирате за начинот на студирање и за предностите на УТМС.

НЕ МОРА ДА ГИ ЧЕКАТЕ ОФИЦИЈАЛНИТЕ РОКОВИ ЗА УПИСИ ЗА ДА ЈА ЗАПОЧНЕТЕ ПОСТАПКАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ!