OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

 

Врз основа на член 108 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр. 35/08 со измените) Ректорската управа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, распишува:

 

К О Н К У Р С

ЗА ТРАНСФЕР И УПИС НА СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ ЗА АКАДЕМСКАТА 2015/2016 ГОДИНА

 

Трансфер и упис на прв и на втор циклус на студии се врши на следните факултети во состав на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје:

Факултет за туризам

Економски факултет

Факултет за менаџмент на човекови ресурси

Факултет за менаџмент (претприемачки бизнис)

Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент

Право на трансфер на студиите од други високообразовани институции од Република Македонија и од странство, на факултетите во состав на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, имаат сите студенти кои запишале најмалку една академска година или дипломирале на високообразовната инстутуција од која доаѓаат.

Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа.

Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование.

Трансфер и упис на студентите ќе се врши заклучно со 15 февруари 2016 година.

За трансфер и упис направен до 1 февруари, следува ослободување од надоместоците за зимски семестар.

Потребни документи за аплицирање за трансфер и упис:

- Исписница од високообразовната институција од која се врши трансферот;

- Уверение за положени испити;

- Оригинални сведителства од сите години и завршна диплома од средно образование;

- Извод од матичната книга на родените;

- Уверение за државјанство.

За повеќе информации обратете се на студентски прашања на УТМС.