OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Борд

Бордот на Факултетот за претприемачки бизнис го сочинуваат седум членови, добро познати и истакнати во своите професионални области. Претседател на Бордот е м-р Бети Деловска. Бордот е формиран со цел Факултетот поуспешно да се поврзе со бизнис секторот. Имајќи во предвид дека сите членови се искусни професионалци, можат да придонесат за успешна презентација на Факултетот, и да го понудат своето знаење во вид на презентација или предавање на студентите. Исто така, тие се целосно ангажирани и посветени да осигураат дека наставните и предметните програми на Факултетот се релевантни и директно соодветствуваат со практиката. На Седниците, членовите на Бордот даваат предлози, идеи и водат дискусија за новите трендови во бизнис светот и потребите за унапредување на методите и техниките на управување со деловните активности и промоција на менаџментот и претприемаштвото.

 

 

  • Љубиша Николовски, Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ, Раководител на сектор за институционална поддршка и трансфер на знаење
  • Сузана Арсова Костадинова, Министерство за економија, Помошник раководител на Сектор за претприемништво и конкурентност на мали и средни претпријатија
  • Розита Талевска Христовска, Фондација Бизнис Старт ап Центар, Директор  
  • Стојмирка Тасева, Стопанска Комора, Советник на Управен одбор
  • Марија Георгиевска, Наша ТВ, Уредник и водител на Профит
  • Бети Деловска, БАСМЕ КТ ДОО, Директор
  • Горан Антевски, Раде Кончар ТЕП, Трансформатори и електрични постројки, Генерален директор
  • Валентин Дејанов, АД Македонска пошта, Директор на подружница