OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

За Факултетот | Економски

  
                Потребата од кадри за стручната област на економските дисциплини е во функција на успешното имплементирање во стопанскиот сегмент на Република Македонија при вклучувањето во европските и светските организации и институции. Расположивите податоци покажуваат дека во нашата држава постои перманентен недостаток на адекватни стручни и професионални лица кои ќе можат да ја спроведуваат позиционираната политика за побрз развој и приближување кон светските стандарди (банкарски, сметководствени, ревизорски, финансиски инструменти, даночни, царински, шпедитерски, осигурителни сегменти).

                Дефинирањето и подготовката на студиските области и програми се во согласност со законот за високото образование, со почитување на европските и светските трендови за трансформација и реформи на високото образование, особено во поглед на образовниот процес и на неговото подигање на повисоко ниво (унифицирано европско студирање). Почитувани се академските стандарди, модуларизацијата и скалестиот развој на курикулумите од поопшти кон потесно специјализирани наставни дисциплини. Постигнат е солиден сооднос помеѓу општите (теоретско-научни) со стручните дисциплини, со што се постигнува насочување и стручно профилирање по избор на студентот во завршните години на студиите со системот на изборни и факултативни предмети.

                Изборот на наставните предмети и нивната застапеност овозможуваат стекнување со продлабочени и специјализирани знаења од областа на економијата, со стимулирање на креативноста и афинитетите на студентите. Во реализација на студиските програми се настојува да се афирмира активната улога на студентот преку присуството и влијанијата врзани и за истражувачки семинари, дебати, научни и стручни консултации, тие се вреднувани по ЕКТС системот што овозможи проодност на студентите на и од други високообразовни институции во земјата и странство.

                Иако во Р.Македонија веќе постојат економски факултети на кои се изучуваат економските науки, дипломираните студенти од Економскиот факултет при УТМС ќе бидат подготвени веднаш да навлезат во различните сфери на економскиот живот (и во приватниот и во државниот сектор) во Р. Македонија. Со добрата теоретска основа и практичните вештини здобиени во текот на задолжителните летни програми, како и учеството во интегрираниот бизнис практикум, студентите од овој факултет имаат уникатна комбинација од знаење и искуство со кои ќе можат да излезат на пазарот на труд и да се наметнат со својот квалитет.

                 Програмите на Економскиот факултет се компатибилни (cca 70%) со сродните факултети од регонот (Хрватска, Словенија, Австрија, Србија...), како и со факултетите од поширокото Европско опкружување и САД и тоа особено на полето на стручните дисциплини.