OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

За Факултетот | Маркетинг

Концепциските цели на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент се во насока на продуцирање на кадри за обавување на најсложените маркетиншки активности, во приватните претпријатија или државните непрофитни институции, стекнување на знаење и вештини од областа на комуникологијата и односите со јавност, а насочена е и кон понатамошно профилирање на кадар во областа на високиот менаџмент.

Визија
Факултетот за Меѓународен маркетинг менаџмент треба да продуцира маркетинг менаџери, кои спаѓаат во редот на најдобро платени професионалци во земјата и пошироко, пред се заради потребата од оваа професија, во широката лепаза на компании.

Со обезбедување на знаење, вештини и компетенции, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, треба да понуди дипломиран кадар согласно барањата на пазарите, односно дипломирани професионалци, кои можат да се вклопат во стратегиите на промоција и продажба на стоки и услуги кои се применуваат во светот. Студентите на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, треба да станат професионалци, кои ќе нудат добар маркетинг, кој во секој момент ќе ги намали ризиците од загрозување на компаниите. Визијата на факултетот е и продуцирање на високообразовен кадар од областа на маркетинг менаџментот, кој треба да обезбеди довербата кај купувачите, односно нивно трајно освојување.

Slika 2

Вештините кои студентите ги развиваат на овој Факултет се: креативност, тимска работа, презентациски вештини, истражување и анализирање на проблеми од подрачјето на маркетингот. Преку соодветни предмети на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент студентите ќе се запознаат со алтките и моделите за решавање на настанатите проблеми. Студентите ќе можат да аплицираат за најпрестижни работни места во приватниот и јавниот сектор како компетентни стручњаци за: Истражување на пазарот, Маркетинг стратегии, Дигитален маркетинг, Управување со брендовите, Развој на производите, Дистрибуцијата и Промоцијата.

Мисија
Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, ќе продуцира високообразовни профили од сферата на маркетинг менаџментот, преку континуирано вклучување на Факултетот во проекти (домашни и меѓународни), за кои ќе се процени дека придонесуваат кон подобрување на квалитетот на знаења и вештини на студентите, како и во проекти преку кои студентите ќе можат да ги експонираат индивидуалните способности, таленти и сл.

slika 1

Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент организира редовни посети на меѓународни саеми, каде студентите се запознаваат со начинот на организација, поставување и брендирање на штандовите, настаните кои се реализираат со цел привлекување на посетители и организирање на промотивни активности.

Slika 3